“Spaces of oblivion” или Простори на заборав-Самостојна изложба на Александра П.Ристовска во мала станица

Слика на картон 300 гр-Промедиа

“Spaces of oblivion’ е насловот под кои, Александра Петрушевска Ристовска , од денеска до 1 јуни, во мултимедијалниот центар „Мала станица“ ја отвори својата прва самостојна изложба -производ на резултат на подолготраен истражувачки процес започнат во 2017 .

Овој циклус се состои од шеесетина слики во различен формат, работени во техника акрил на платно, како и дигитални слики, работени врз фотографска предлошка, печатени во Промедиа Скопје.

Заедничко за сликите од овој циклус е тоа што на нив се претставени ентериери, внатрешните простори на јавни институции, кои ѝ припаѓаат на модерната архитектура во Скопје, објекти изградени во 1970-тите години.

Александра е сликарка која на многу сериозен и студиозен начин пристапува кон предметот на истражување и покажува висок степен на свесност за своето опкружувањего испитува просторот, до најситните елементи и архитектонски детали, со чувство за фрагментите, но и интерес за атмосферата. Тоа го потврдува и со истакнувањето на важноста на кадрирањето, за композицијата и специфичните колористички интервенции при конструирањето на просторот на сликата. Во овој циклус слики и светлината игра многу важна улога. Освен тоа што особено важно е осветлувањето кое е во самите слики, исто така исклучително важно е и амбиенталното светло на самата изложбена поставка, вклучувајќи го и внимателниот избор на бојата за галериските ѕидови.

Слика на картон 300 гр-Промедиа

Иако во кризни ситуации, културата и уметноста се на последно место, од друга страна, таа двојна маргинализираност може да биде и шанса на специфичен начин да се погледне стварноста, да се понуди поразлична визија за тоа каде сме и кон што би требало да се стремиме.

Сликарството, како една од уметничките дисциплини кои имаат долга историја, се занимава со репродуцирање на стварноста, но уште повеќе со интервенции во стварноста преку субјективни визуелни конструкции. Тоа е обид да се направи видлив светот, кој иако нѝ е пред очи, останува невидлив. Како класичен медиум, сликарството денес е во ситуација грчевито да се бори за својата релевантност меѓу новите медиуми, дигиталните технологии на креирање визуелни феномени: секој обид да се реактуелизира, сам по себе е и голем ризик. Но, од друга страна, тоа е и можност да се потврди дека сликата како краен резултат, како инкарниран комуникациски објект, и процесот на восприемање, се одвиваат на речиси непроменет начин.

 

Слика на картон 300 гр-Промедиа

 

Дознајте повеќе за директно печатење на -Совршени слики за врамување ТУКА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *